| Marek Engineering - About Us |
| Профил и организациона структура |
MAREK Engineering е фирма во приватна сопственост, основана во Октомври 2000 година. MAREK Engineering има годишен обрт на средства од US $350.000. Организациски фирмата е поделена на 5 дела:
Ваквата организациона структура ни овозможува најбрзо и најдобро да одговориме на барањата на нашите клиенти, како и да понудиме најквалитетен производ (услуга) во областа со која се занимаваме. MAREK Engineering изработува проекти клуч-на-рака, дефиниции и консултации, дизајн на мрежи, LAN/WAN интеграции, хардверски имплементации, изработка на софтвер, сервисирање на компјутерски компоненти и прецизна електроника, обука и пост-продажна подршка. Исто така MAREK Engineering постојано го гради сопственото искуство и репутација со развој на комплетни финансиски решенија. MAREK Engineering софтверскиот тим има акумулирано 6 годишно искуство во развој на комплексни решенија за разни големи финансиски клиенти (банки) во Македонија, и просторот на поранешна Југославија. Развојните алатки што се користат се секогаш во чекор со времето. Со искуството и знаењето на сопствените инженери, финалните продукти се карактеризираат со врвен квалитет и сигурност во работата. Во имплементација се користи клиент/сервер технологија базирана на Windows оперативни системи и ODBC со употреба на Borland Delphi и Borland C++. Како финален продукт MAREK Engineering нуди решение (Информационен систем, мрежно решение и хардвер) за оптимално функционирање на фирмата. Marek Engineering како примарна цел во своето целокупно работење и успех го има слоганот - задоволен партнер, клиент. За таа намена имаме инвестирано во солиден и доволно јак компјутерски сервис, со понуда секогаш за чекор повеќе од потребите на нашите клиенти. Сервисот ги поседува сите потребни алатки за дијагностицирање и решавање на проблемите со опремата со што е подготвен да одговори брзо, ефикасно, професионално така да работата на клиентот може непречено да продолжи. Комплетно како фирма, на секое ниво се трудиме да бидеме најдоброто и целосно решение за компјутерските системи на нашите клиенти. Имаме константен лагер залиха на резервни делови и опрема која во најголем број случаи ги решава установените проблемите. Имајки го потребниот лагер и искуството на нашите вработени во сервисниот дел, подготвени сме безпрекорно да одговориме на сите предизвици. Доволно сме подготвени да понудиме решенија клуч-на-рака за нашите клиенти со што наша основна цел по имплементацијата е грижа и одржувањето на информационите системи. Одржувањето е поделено на два дела :
На крајот можеме да напоменеме дека најдобра референца што ја поседуваме е листата на задоволни клиенти во која се наоѓаат и неколку поголеми и позначајни фирми во нашата земја. За да може сето ова да го оствариме доста значајна е и листата на странски партнери чии производи ни помагаат да понудиме целосно решение и да го имплементираме без да стравуваме дека ќе се јават било какви проблеми со хардверските компоненти. Во продолжение даваме листа на странските партнери кои сме ги одбрале:
This Website is created by
|